Ирена Спировска дефинира елеганција во креација на ЕЛЕНА ЛУКА

17 октомври 2023

"Кога ќе се спојат жената и креацијата тоа изгледа токму вака, блескаат како едно. ЕЛЕНА ЛУКА креираше уникатна креација за Ирена, убавина која остава без зборови, уникатна креација за уникатни моменти."

Ирена Спировска е дама која вистински ја дефинира елеганцијата.

Таа е секогаш со беспрекорен стајлинг, а тоа го потврди и со последното свое појавување носејќи креација на ЕЛЕНА ЛУКА.

Викендов во Крушево на Гумење, се одржа концерт насловен „Со љубов за Тоше“ посветен на нашиот непребол, каде што Ирена се појави во улога на водителка во стајлинг од нашиот етаблиран бренд.

Долгата светкава тоалета со долги ракави и шлиц совршено одговараше на нејзината фигура и модна естетика.

Ирена направи одличен избор со изборот од ЕЛЕНА ЛУКА, што сосема одговараше на приликата и емоциите на присутните на концертот.

 

Објавено:
17 октомври 2023
Категорија: 
Култура