На листата дестинации кои вредат да се посетат за новогодишните и божиќните празници го додаваме и италијанското гратче Локоротондо.
Иако местото се наоѓа во јужна Италија и не асоцира баш на зима, сепак и во зимскиот, божиќен период има што да понуди.
Сите декорации во градот се толку внимателно одбрани, што не постои друг збор освен совршено. Црвени тонови, на бели ѕидови, проткаени со златни нијанси од лампиони и малку зеленило.
Мештаните на Локоротондо навистина знаат како да создадат зимска празнична атмосфера и покрај тоа што демеквриските температурите тука се движат од 7 до 14 степени.
Изобилство на божиќни венци, машнички, лампиони и слични украси се распослани речиси насекаде низ уличките.
Фотографиите подобро ќе ви ја раскажат приказната.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram, Pinterest