Ив Сен Лоран: Еве доказ дека стилот е вечен!

20 јануари 2015

После лансирање на двата филма во 2014 – та година, Ив Сен Лоран повторно го привлекува вниманието не само на модниот туку и на културниот аудиториум. Станува збор за поставка посветена на дизајнерот која ќе се одржи во Англија и која ќе претставува ретроспективно навраќање на неговата работа.

Музејот „Bowes“, кој се наоѓа во областа Дарем, објави дека ќе ја презентира изложбата посветена на животот и делото на големиот париски моден дизајнер. Изложбата ќе биде организирана со поддршка на Пјер Берже и Фондацијата „Ив Сен Лоран“, а насловот ќе биде  едноставен: „Стилот е вечен“.

Под мотото „Еве доказ дека стилот е вечен“ на 11 – ти јули оваа година организаторите ги покануваат сите оние кои сакаат и го почитуваат ликот и делото на дизајнерот да бидат дел од големото отворање. Сите детали не се познати, но со сигурност се знае дека изложбата ќе вклучува точно педесет креации на Сен Лоран, вклучувајќи ги иконските модели од неговата колекција„ Russian operas and ballets“ (Руски опери и балети), но и изгледите инспирирани од Мондријан, како што е познатиот смокинг.

Вечерна тоалета, есен - зима 1978 година Вечерна тоалета, есен - зима 1978 година

Новата изложба има за цел да ги покаже главните елементи на креативност на Сен Лоран, како и големите трансформации на еден модел во создавањето на уникатен стил, кој кураторите го нарекуваат „вечен“.

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Култура