Онлајн Саем на книга.мк до крајот на месецот

19 април 2021

Магијата на книгите е што можеш да отпатуваш каде и да посакаш, без да се помрднеш од место.

А во ова време на пандемија можеме и да купиме книга без да се помрднеме од место, благодарение на онлајн продавниците.

Издавачкиот центар „ТРИ“, односно Книга.мк врти нова страница од својата приказна оовозможувајќи онлајн саем на изданијата од продукцијата на „ТРИ“ и „Паблишер“, со попуст до 70 %.

Како велат, ќе има попуст и на 600 актуелни наслови од продукција на уште 13 издавачки куќи.

Книга.мк оди чекор понапред и нуди посебно дигитално и книжевно искуство – ја нуди целата книжарница со сите приказни, поволности на Клубот на читатели и сите информации во врска со книгите на едно место, а сето тоа достапно секаде и во секое време.

„Саемската априлска традиција, во чест на Денот на книгата, ја одржуваме создавајќи нова со почеток на 19-ти, која ќе трае сè до 30 април. Книга.мк е единственото место каде што сите читатели се во сите книжарници во исто време, каде што сите книги се на иста полица и каде што вртењето на страниците може да се замени со скрол. Тука сите поглавја се на една страница!“, велат од книжарниците „ТРИ“

 

Објавено:
19 април 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
248 пати
Тагови: 
Саем на книга