Излезе трејлерот за документарниот филм за Ентони Бордејн

4 јуни 2021

Животот на познатиот готвач и автор на бестселери, Ентони Бордејн е тема на новиот документарен филм насловен: „Roadrunner: A Film About Anthony Bourdain“.

Својата премиера ќе ја доживее на 11 јуни на „Трибека“ филмскиот фестивал во Њујорк.

Како режисер се потпишува Морган Невил, а целта била да прикаже интимен портрет на човекот кој го освои светот со своите гастро авантури и кој секогаш ги инспирираше гледачите да вкусат нешто ново.

Во 2018 година во 61 година, неговиот живот завршува трагично.

Но, за време на тие седум децении тој работел како готвач во најдобрите американски ресторани, напишал неколку бестселери, а светската слава ја стекна како водител на емисиите „Без резервација“ и „Непознати предели“ и други.

Ако бевте љубител на неговиот лик и дело, тогаш сигурни сме дека нема да го пропуштите овој документарен филм, чија најава можете да ја погледнете во продолжение:

 

Објавено:
4 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
291 пати
Тагови: 
Ентони Бордејн