Изложба на еден од пионерите на фотографијата во боја

22 септември 2014

Кон крајот на 1950-та година започнал да го слика просторот околу својата куќа во Мемфис користејќи 34 милиметарски филм. Воодушевен од фотографиите на Хенри Картие Бресон, во тоа време сметал дека никој не може да ги надмине делата на францускиот фотограф. Но на крајот станува еден од пионерите на фотографијата во боја, прикажувајќи ги сликите во галерии ширум светот.

Фотографот најчесто го сликал секојдневието во Америка низ рестораните, маркетите, бензиските станици, паркиралиштата... Изложбата со наслов „William Eggleston: From Black and White to Color" се состои од уникатни и до сега необјавени фотографии од приватната колекција на фотографот, а низ нив се прикажува еволуцијата и радикалноста на фотографиите во 60-тите години, кога започнал со експериментите во боја.

Изложбата ќе се одржи во швајцарскиот Musée de l'Elysée и ќе трае од 30-ти јануари до 30-ти мај 2015 година.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Култура