Изложбата „Star Makedonium Wars“ на Кардула во Крушево посетена од над 500 посетители

5 август 2022

Синоќа, во споменикот „Илинден", познат и како „Македониум", во Крушево, беше отворена изложбата на еден од најпознатите македонски графички дизајнери и ликовен уметник, Зоран Кардула.

Фото: Facebook | НКС „Десет дена Крушевска Република“

Изложбата именувана „Star Makedonium Wars", која беше проследена од повеќе од 500 посетители, ја отвори Владимир Конески, професор на филолошкиот факултет „Блаже Конески" од Скопје.

На изложбата беа претставени илустрации инспирирани од серијалот „Star Wars и вонвременскиот изглед на Македониумот".

Ова не е прва изложба на Кардула во Крушево. Пред 30 години, уметникот се претстави со негова прва изложба во црквата „Св. Јован".

Зорак Кардула, кој инаку е крушевчанец по потекло, неизбежно е инспириран од уникатниот дизајн на „Македониумот", а како долгогодишен вљубеник во филмската франшиза „Војна на ѕвездите", чија премиера се случува само три години по градењето на македонскиот споменик, за уметникот претставува дополнително возбудлива инспирација.

По отварањето, посетителите имаа чест да уживаат во музичката програма на Томи Бојаџи.

Фото: Facebook | НКС „Десет дена Крушевска Република“

Изложбата е дел од годинашната програма на НКС „Десет дена Крушевска Република" и истата ќе биде отворена за јавноста во наредните две седмици.

Фото: Facebook | Zoran Kardula

Фото: Facebook | Zoran Kardula

Фото: Facebook | Zoran Kardula

Фото: Facebook | Zoran Kardula

Фото: Facebook | Zoran Kardula

Фото: Facebook | Zoran Kardula

 

Објавено:
5 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
893 пати