Ја китите ли елката правилно?

10 декември 2019

За некои китењето на елка е мачење, а за други уживање. Тоа треба да е забавна активност за целото семејство.

Сигурни сме дека секој си има свои навики кога ја кити елката. 

Но, дали е според правилата?

-Првин под елката ставете украсен слој - хартија, имитација на снег, ткаенина... Потоа, поставете ја елката и уверете се дека е стабилна.

-Китењето започнете го со сијаличките. Тие се ставаат одоздола нагоре, во внатрешноста на елката, спирално. На тој начин целата елка ќе биде осветлена. Многу е потешко да се наместат сијаличките на крајот, кога треба да ги заобиколувате сите украси.

-Првин на елката ставете ги големите и тешки украси. За нив бирајте подебели гранки и не ги поставувајте на врвот на гранчето, затоа што не само што нема да биде естетски, бидејќи гранчето ќе натежне, туку многу веројатно е дека украсот ќе ви падне.

-Потоа закачете ги малите украси. Е тие се супер за тенки гранки. Можете да ги ставите и на оние каде што веќе има тешки лампиони, освен ако не ги поклопуваат.

-На ред доаѓаат ставете ги лентите, машничките од различни ткаенини.  

-На крајот ставете во врвот. Најчесто тоа е некоја ѕвезда или лампиони со шпицест врв.

Инаку, при изборот на боја на лампиони, еве мала помош - зелената го намалува стрсот. Белата потсеќа на стрес. Црвената е бојата на Дедо Мраз, комбинацијата на сина и сребрна делува смирувачки. Виолетовата е гламурозна.

 

Објавено:
10 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.491 пати
Тагови: 
елка китење