Јане Велковски се сретна со Дејвид Бекам во ООН на Светскиот ден на детето

20 ноември 2019

Денеска на Светскиот ден на детето, Јане Велковски, единаесетгодишен застапник за деца со пореченост од Северна Македонија, се сретна со спортската легенда Дејвид Бекам на глобалниот самит на УНИЦЕФ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Фото: Деница Велковска

Нашиот мал, а голем херој, учествува во интерактивниот дел во кој се претставени деца застапници, има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја. Тој ќе зборува заедно со други четири деца за време на панел дискусијата насловена како „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права".

"Навистина сум многу возбуден затоа што ова е огромен настан. Но, истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот," рече Јане непосредно пред неговото патување во Њујорк.

"Јане е инспирација за сите нас и пример што може да постигнат децата ако им се даде фер шанса, рече Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

Самитот на УНИЦЕФ е дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето кој се поклопува со 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, најшироко ратификуваната спогодба за човекови права во историјата.

Објавено:
20 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
811 пати