Јужноморавскиот регион е совршен избор за продолжениот викенд

8 октомври 2019

Чешка е дефинитивно една од омилените дестинации на многумина, особено поради тоа што е достапна и полна убавини на секој чекор.

Кога прво ќе се спомене Чешка нѝ текнува на супер вкусно пиво, но октомври е месец кога се собира грозјето во многу познати региони, а особено забавно е во Јужноморавскиот.

Доколку сè уште немате планови за продолжениот викенд, ние денеска ве запознаваме со убавините на чешката Тоскана, како што многумина сакаат да го наречат ова место во кое дефинитивно ќе го пронајдете мирот што толку ви требаше.

Овој прекрасен регион е најпознат токму по одгледувањето на грозје и доброто вино, а доколку го посетите во овој период, ќе уживате во бројните вкусови.

just_a_pack

Иако уништен во војната во 17 – тиот век, со години напорна работа и влијание на кралското семејство Лихтенштајн, Јужноморавскиот регион полека, но сигурно повторно блеснал, а со него и поседите со лозје.

Денеска, жителите на овој регион прават некои од најдобрите вина во светот, а вие можете да ги пробувате додека уживате во неверојатниот поглед на бесконечните плантажи.

Областа Микулов е нешто во што ќе уживаат сите љубители на природата и слободните активности, па така ова е добра точка од каде можете да тргнете во обиколка.

Љубителите на храната ќе можат да вкусат некои од најдобрите традиционални крем супи и десерти какви што не сте пробале досега.

Ако сакате нешто повеќе од природа и вино, тука е и градот Брно кој е фантастичен и многу финансиски подостапен од Прага.

Градот е познат по универзитетите, па така ќе најдете и многу интересни културни случувања, кул ресторани каде ќе пробате супер вкусна храна по ниски цени и ќе уживате во прошетките низ градот.

Доколку сè уште немате план каде да го поминете викендов или есенскиот распуст, тогаш Брно и Микулов лоцирани во неодоливиот Јужноморавски регион нека бидат вашите приоритети.

Инфо: https://littleholidays.net

Фото: https://littleholidays.net, www.amazingczechia.com, 101wordsoftravel

Објавено:
8 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
254 пати