Каде се наоѓа прозорецот со најдобар поглед во Париз?

16 јануари 2023

Инстаграм е преплавен со фотографии кои оставаат без здив, а виновник за тоа е кружниот прозорец што е дел од апартманот Eiffel на шестиот кат од хотелот Le Metropolitan во Париз.

Прекрасната глетка што ја нуди прозорецот е тешко да се спореди со било која друга во светската метропола.

Токму заради тоа инфлуенсерите и оние чија страст се фотографија и патувања настојуваат да го резервираат луксузниот апартман кога го посетуваат Париз.

Самиот хотел е изграден во 19-от век, а се протега на шест ката. Апартманот Eiffel има површина од 40 метри квадратни и наменет е за двајца.

Се состои од голема спална соба и луксузна бања, а понудата вклучува и собна послуга, бесплатни филмови, еспресо апарат и козметички производи.

Секако тука се и шампањот, вкусните кроасани и популарните макарунс колачи.

Собата е опремена со мермер од островот Капри, гранит од Зимбабве, луксузна када и италијански туш.

Фото: Instagram

Објавено:
16 јануари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
571 пати
Тагови: 
Париз