Како да им помогнете на децата да ги контролираат своите тантруми?

6 август 2019

Повеќе од сигурно е дека децата знаат да се лутат многу повеќе од возрасните кои знаат да го контролираат својот бес, но ситуацијата со малите најчесто ескалира.

Она што е фасцинантно е тоа што тие скоро секогаш се лутат без причина, па така родителите речиси најголемиот дел од денот го поминуваат во смирување на своите деца.

netdoctor

„Нормално е вашето дете да се разлути понекогаш, сите ние сме луѓе“, вели Су Аткинс, советник и експерт за родителство. Она што е поважно од тоа е да ги научите своите деца како да ја препознае својата лутина и да се носи со истата.

Ако и вие имате проблем со смирување на вашето малечко во било која ситуација, во продолжение Су објаснува неколку стратегии кои би требало да ги пробате во оние моменти кога веќе немате решение за бесот на вашето дете.

parents

-Најважно е детето да го исфрли бесот од себе

Детските чувства се исти како вашите, па така не треба да се чудите што тие понекогаш се влечат по земја или бурно реагираат ако нешто не им дозволите. Истото би го направиле и вие да можете, но сепак, во текот на животот научивте како да ги контролирате чувствата.

utah_foster_care

„Во моментот на лутина, кажете му на детето да истрча некој круг околу дворот или во домот или да скокне неколку пати. На овој физички начин, детето сигурно ќе ја исфрли лутината и нема да ја држи во себе, што е многу погрешно“, вели доктор Аткинс.

-Научете го да размисли убаво

Ако станува збор за постаро дете, застанете и почнете да разговарате со него за добро да размисли за што всушност се лути и дали причината е оправдана.

penn_state_health_news

„Научете го детето да ви каже што точно го налутило или разбеснило. На тој начин детето ќе си помогне да се смири и да ја држи ситуацијата под контрола“, додава докторката.

-Дајте му простор на детето да ја изрази неговата лутина

Ако детето вика кога ќе се налути, природно е да сакате да го смирите што побрзо. Но, ако го оставите некој период, тоа ќе научи како само да управува со своите чувства.

„Дозволете му да ја изрази својата лутина и не го спречувајте во тоа. Ако се обидете да го смирите во овој момент, само ќе ја влошите ситуацијата. Кажете му дека го слушате, па седнете заедно и разговарајте за проблемот“, вели Су.

familyeducation

Без разлика дали овие „тантруми“ на децата се случуваат на јавни места, сите родители знаат со што се соочувате и дека е период што поминува, па единствено е важно вие да го контролирате вашиот бес, а уште поважно детето да научи да ја контролира лутината за сличните испади да не се случуваат повеќе.

Инфо: stil.kurir.rs

Објавено:
6 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
416 пати