Како изгледа луксузен апартман со потпис на Вивијан Вествуд?

16 јуни 2015

Пред неколку месеци, ексцентричната дизајнерка Вивијан Вествуд прифати уште еден професионален предизвик: да го уреди ентериерот на апартманот во хотелот „The London“ во Лос Анџелес. Резултатот е воодушевувачки и очекувано го носи препознатливиот дизајнерски печат на креаторката, која покрај другото е позната и како радикален еколошки активист.

Луксузниот апартман се простира на 185 квадратни метри во кои Вествуд ги смести уникатните тибетски теписи и масивната седечка гарнитура во беж нијанса.

Меѓутоа, заштитниот знак на дизајнерката се чувствува во нејзините омилени британски мотиви како знамето на Велика Британија и секако логото на модната куќа. Овие елементи на британската култура го најдоа своето место како декоративни детали во уредувањето на луксузниот апартман.    Отворената тераса пак може да угости дури 300 гости, а е  со преубав поглед на градот. Едно ноќевање во овој луксузен амбиен ќе чини 25.000 долари.

Објавено:
16 јуни 2015
Категорија: 
Култура