Како Паркер Сојерс стана младиот Барак Обама...

6 декември 2016

Остварувањето „Southside With You“ за љубовната приказна на Барак и Мишел Обама привлече големо медиумско внимание, што поради љубопитноста околу приказната, што поради актерот Паркер Сојерс кој неверојатно многу потсетува на Барак од младоста.

Во реалниот живот, Патрик е 33-годишен актер, кој и не сонувал дека ќе му се случи оваа улога.

-Пред тоа имав некои мали улоги. Ова беше сè ново за мене – вели Сојерс.

Тој додава дека за улогата му биле исплатени 15.000 или 20.000 долари, само после неколку недели откако ја прифатил.

-Тоа е помалку од тоа што го заработувам имитирајќи го само гласот на Обама- открива актерот, потенцирајќи дека тоа воопшто не било клучно во целиот процес. Свесен дека ќе излезе од сенката и ќе запознае голем број продуценти, луѓе од бизнисот, сфаќа дека ова е шанса што не смее да ја пропушти.

-Многумина ми кажуваа дека сличноста со претседателот Обама е неверојатна, а особено и кога е гласот во прашање. Па, го искористував тоа кога кажував шеги на забавите и слично. Си помислив дека можеби ќе го играм за 10 или 15 години. А потоа излезе ова и морав да се вратам во времето кога тој има 28 години – објаснува акерот.

Интересно е и тоа што, имитирањето на Обама за малку ќе го чинело улога, и тоа верувале или не, поради тоа што имитирањето било неверојатно добро.

-Но, на нас ни требаше 28-годишната верзија на Барак. Пред втората аудиција на Сојер, му се јавив и му понудив совет за неговиот лик. И за среќа, тоа фунцкионираше. Му реков: „Престани да бидеш ликот што секоја вечер го гледаш на телевизија. Заборави на него сега и само биди ова младо момче, што сака да ја освои девојката и да ја натера да испие едно кафе со него – објаснува режисерот Ричард Тен.

Сојер пак додава дека, пред да се одвиваат снимањата, тој истражувал, ги читал книгите на Обама и оние што тој ги читал, па потоа ја оформувал улогата.

-Во 2006 година, кога бев во раните 20-ти, татко ми ми донесе копија од првата книга на Обама „Dreams from My Father“. Ја прочитав и си реков, овој човек е реален. После тоа, некако станав негов обожавател, поддржувач. На некој начин, ми стана ментор. Не мора да ја познавате личноста за таа да биде ваш ментор – вели Сојер.

Тој додава дека токму затоа и особено му е важно мислењето на претседателот:

-Се прашувам дали мисли дека завршив добра работа, како што некои други мислат. За мене ова е голема работа. Сакав да ја раскажам приказната. Мене не ме интересираше лупата врз нивните животи. Секогаш си мислев дека Вил Смит ќе го глуми него, и тоа во претседателските денови, но кој знае? 

Инаку, после овој филм, што ја доживеа својата премиера во август годинава, во септември се појави уште еден, насловен „Berry“ кој го следи животот само на Барак во младите години, а овде главната улога му припадна на актерот Девон Терел.

Објавено:
6 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
280 пати