Како познатите ги украсија своите “замоци“ однадвор...

9 декември 2020

Веруваме дека за познатите личности празничното украсување на домот - внатрешно и надворешно е вистински проект. Ако се земе предвид дека нивните куќи се налик на замоци со стотици квадрати, тогаш навистина треба да се вложи во декорациите и да се осмисли ефективна приказна.

Не дека самите го прават тоа, но веројатно постои и доза натпревар за тоа да се има што подобра декорација од претходната година и од другите.

„Дејли мејл“ неодамна објави како изгледаат куќите и дворовите на Ким Кардашијан, Кајли Џенер, Кејт Хадсон, Џенифер Гарнер и други однадвор и од фотографиите може да се види дека се работи навистина за магични приказни.

Кардашијан се одлучи за бели светилки, додека пак, нејзината сестра за жолти. Посебно е впечатлива декорацијата на Гарнер во розови нијанси. 

Погледнете ги и кажете ни, чија најмногу ви се допаѓа?

Ким Кардашијан

 

Кајли Џенер

 

 Кејт Хадсон

 

 Џенифер Гарнер

 

 Џесика Симпсон

 

 

 

Објавено:
9 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.008 пати