Kaко всушност требала да заврши „Squid Game“?

12 ноември 2021

Jaсно беше дека со оглед на популарноста и крајот на серијата, ќе гледаме втора сезона на „Squid Game“. Неодамна пристигна и официјална потврда дека ќе има продолжение и тоа уште повозбудливо од првото.

Режисерот, сценарист и создавачот на серијата, Хванг Донг Хјук во интервју за „Ентертејмент Викли“ откри дека серијата требала да има сосема поинаков крај.

„Многу се премислувавме околу два можни завршетоци. Од една страна беше тој алтернативниот, во кој Џи Хан би се качил на авионот и би заминал. А вториот е оној во кој се свртува и тргнува накај камерата“, вели режисерот.

Тој додава дека колку и да биле наклонети на првата варијанта, не можеле да не се запрашаат дали е мудро тој да замине да ја следи својата среќа и да биде со семејството, да има среќен крај, односно дали е тоа вистинската порака која серијата сака да ја испрати. Вистинското прашање кое со серијата сакале да го постават можело да биде одговорено само во една верзија на сценариото:

„Сакавме да поставиме прашање зошто светот стана таков каков што е денес, а единствен начин да одговориме на тоа прашање беше да направиме главниот лик да се движи кон камерата. Затоа се одлучивме токму за таков крај“, објаснува режисерот.

 

Објавено:
12 ноември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
644 пати