Како звучи 1974 во 2020 година – Rolling Stones објавија заборавена песна

27 јули 2020

Добри вести за фановите на ветераните Rolling Stones.

Бендот неодамна објави песна што била снимена во октомври 1974 година.
Насловена е „Scarlet" и вклучена е во албумот од 1973 година „Goats Head Soup", што повторно ќе биде лансиран на 4 септември годинава.

„Оваа песна за прв пат ја изведовме со Џими Пејџ од Led Zeppelin во подрумското студио на Ron Wood. Тоа беше прекрасна средба. Немавме намера да ја објавиме, во основа тоа беше нешто налик на демо. Но, од овој уметнички состав настана нешто добро", вели Кит Ричардс за старо-новата песна.

Слушнете ја во продолжение...

Објавено:
27 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
210 пати