Кате Симко и Лондонскиот Електронски Оркестар во Станица 26

20 февруари 2017

Организаторите на музички настани од Лос Анџелес „Othersound“ во соработка со кафе барот Кино Карпош ги претставуваат Кате Симко и Лондонскиот Електронски Оркестар.

Нивниот иновативен настап во живо вклучува трочлен женски ансамбл и вокалист кој создава фузија од светот на класичната музика и подиумската електроника на начин на кој им се оддава почит на двата света.

Ова е нивен прв и ексклузивен концерт во Скопје, но и на Балканот и ќе биде проследен со диџеј сет на Еди Ричардс, еден од најпочитуваните и светски реномирани диџеи.

Вечерта ќе ја отвори Илина Ангеловска со диџеј сет, а настанот е закажан за 24 – ти февруари во Станица 26 со почеток во 22.30 часот. 

Објавено:
20 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
120 пати