Кејт Буш повторно популарна благодарение на „Stranger Things“

18 јуни 2022

Триесет и шест години по нејзиното објавување, песната „Running Up That Hill (A Deal With God)" на британската пејачка и текстописец Кејт Буш се најде на врвот на топ-листите за слинглови во неколку различни земји

.

Песната од 1985 година неодамна стана глобален хит и постави нови рекорди благодарение на четвртата сезона од актуелната серија „Stranger Things" каде се појавува. Благодарение на популарното Netflix шоу инспирирано од 1980-тите години, песната најде нова база на обожаватели кај помладата генерација.

Stranger Things | Фото: netflixtrends.com

Со овој успех, Кејт Буш го собори рекордот за најдолго време потребно за еден сингл да го достигне првото место. Пред водечката песна на албумот „Hounds Of Love", титулата за најдолго-опстојувачки „sleeper hit" во Велика Британија ја имаше „Last Christmas" на Wham!, која се најде на врвот на топ-листата на синглови во 2021 година, 36 години по нејзиното објавување.

Во забавната индустрија „sleeper' хитови се музички дела, филмови, тв серии или пак видео игри кои не доживуваат успех при првичното објавување, туку многу години подоцна, кога неочекувано ќе го привлече вниманието на публиката и медиумите. И токму тоа е случајот со „Running Up That Hill (A Deal With God)" на Кејт Буш.

Буш, која на своја 19 годишна возраст се прослави во 1978 година со деби-синглот „Wuthering Heights", ја освои тогашната публика со својот уникатен глас и експресивните танцови движења.

Пејачката за медиумите изјави дека е обожавател на научно-фантастичната серија од браќата Дафер.

Објавено:
18 јуни 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
248 пати