Ќе се менува изгледот на Ајфеловата кула

21 мај 2021

Како што почнува сè поинтензивно да се намалува бројот на заразени од Корона вирусот, така сè повеќе луѓе размислуваат за патувања.

Париз е речиси секогаш посакувана дестинација, но веруваме дека многумина ќе ја додадат на својот список одново поради информацијата дека ќе се менува изгледот на Ајфеловата кула.

Уште во 2018 година се зборуваше на оваа тема, посочувајќи дека ќе се додаваат стакла околу, но сега се работи за сосема поинаква естетика.

Планот е една од најпознатите кули на светот да заблеска во златна боја и тоа пред 2024 година, бидејќи тоа е годината кога ќе се одржат Олимписките игри во Париз.

Светските медиуми пренесуваат дека обновувањето на Ајфеловата кула се проценува на околу 50 милиони евра, ќе се симнати сите слоеви на сегашната кафена боја, а потоа ќе се нанесе нова во кафено-златни нијанси.

Обновувањето е веќе започнато и планирано е да заврши до 2022 година. 

Паралелно со ова, планирана е и реконструкција на Елисејските полиња и зелените површини, но се предвидува тие да завршат до 2030 година.

Објавено:
21 мај 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
357 пати