Класика со елементи на модерен шмек - модата на Мајски оперски вечери (Фотогалерија)

11 мај 2023

Софистицираност со доза на гламур и неповторливата класика на црната боја, беше она што ја одбележа модата на отворањето на Мајските оперски вечери.

Посетителите без разлика на возраста се потрудиле да оддадат почит на самата манифестација, со своето присуство, но и со стајлингот за свечената вечер.

Задоволство беше да се видат повозрасни гости, совршено усогласени парови во облеката, но и млади кои го зачинуваат класичното со модерен шмек. 

Не изостанаа костимите како безвременско решение, класичните црни пантолони и здолништа, но имаше и малку посмели избори на раскошни тоалети кај мал дел од присутните.

Црната боја доминираше, во комбинација со бела, а тука некаде се наѕираа беж и сиви тонови, со мала доза на повпечатливи бои, како црвена и зелена.

Објавено:
11 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.136 пати