Бестселерот „Becoming" на поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, конечно пристигна и во книжарниците на Литература, секако преведена на македонски јазик.
Првата афроамериканка во улога на прва дама на САД ја создаде најпристапната и најинклузивна Бела куќа во американската историја. Стана влијателен застапник на правата на жените во Америка и во светот, драстично менувајќи ги навиките на просечните семејства во насока на водење поздрав и поактивен живот притоа стоејќи покрај својот сопруг во најдраматичните моменти во американската политика.
Оваа инспиративна приказна е број 1 на листата на Њујорк тајмс, а таму е веќе 18 недели. Преведена е на над 30 јазици и продадена во 10 милиони примероци - и се очекува да стане најпродаван мемоар на сите времиња.
Од неодамна достапна е и на македонскиот пазар во книжарниците на Литература по цена од 650 денари.