Книжарницата на „Просветно дело“ во „Сити мол“ – место кое зрачи со позитивна енергија

2 јуни 2020

„Просветно дело“ е најстарата издавачка куќа кај нас која успешно опстојува 75 години и која со својата мрежа од повеќе од 30 книжарници низ целата наша земја, стана препознатлив симбол за традиција и ненадминат квалитет кој е нашироко ценет од потрошувачите кои имаат целосна доверба во овој бренд.

„Просветно дело“ веќе осум години успешно е присутна во „Сити мол“ и е една од најуспешните компании во овој трговски објект. Следејќи ги најновите трендови во уредувањето и осмислувањето книжарници според последните светски стандарди, „Просветно дело“ ја отвори на нова локација во „Сити мол“ најголемата и најлуксузната книжарница на овие простори. Уште при самото влегување, плени просторот во кој може да се вдишат и да се почувствуваат привлечноста и убавината на книгите и на изданијата за сите возрасти, за сите генерации и за сите вкусови. Литература за деца од предучилишна и училишна возраст, тин-литература, белетристика, чик-литература, како и неизбежните лектири за основно и средно образование. Водејќи се од филозофијата дека во една книжарница секој треба да си најде нешто за себе, „Просветно дело“ нуди и голем избор на стручна литература од повеќе области, различни енциклопедии, атласи, речници, разговорници, како и голем број прирачници за брзо и лесно учење странски јазици.

Важен дел од книжарницата е и просторот одвоен за училишен  и канцелариски прибор каде што може да се снабдите со сето она што ви е потребно за на училиште или за вашите канцеларии: квалитетни ранци од познати светски брендови, тетратки, боици, водени и темперни бои, моливи, острилки и друг прибор од производители чиј квалитет е покажан и докажан во целиот свет.

Посебно привлечен е просторот посветен на програмата за чанти и куфери од некои од најреномираните  и најквалитетни светски брендови – едноставно кажано, тоа е местото од каде што започнува секое ново патување, секој нов одмор, секоја нова авантура.

Во оваа книжарница има сè: од училиштен прибор, канцелариски материјал, ранци, машки и женски чанти, програма за патување − куфери − сè со врвен квалитет и пристапни цени

„Просветно дело“ – 75 години ви нуди бескомпромисен квалитет. Купувањето претставува вистинско уживање и задоволство во книжарницата на „Просветно дело“ во Сити мол.

Ве очекуваме со многу акции и изненадувања во сите наши книжарници!

 

 

 

*комерцијален текст

Објавено:
2 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
502 пати