Коачела манија на Инстаграм

15 април 2019

Еден од најголемите и најфамозни светски музички фестивали Коачела (Индио, Калифорнија), стартуваше овој викенд со одлична програма, па без изнанадување беше главна дестинација и на познатите личности од шоу бизнис индустријата.

Секоја година фестивалската мода на Коачела е во фокусот исто толку колку и музичките артисти на сцена, па фузијата на различни модни и музички стилови е секогаш возбудлива.

Познати топ модели, модни блогерки, филмски и музички ѕвезди беа меѓу публиката и постојано ја пренесуваа атмосферата на своите Инстаграм профили.

Едно од поголемите изненадувања првиот фестивалски викенд, беше неочекуваното појавување на сцена на Селена Гомез заедно со Карди Б, за која ова беше прв настап оваа година и воопшто прв сценски перформанс на Коачела.

Фестивалските денови продолжуваат и наредниот викенд, а ние ја следиме и ви ја пренесуваме атмосферата (барем преку објавите на Инстаграм).

Објавено:
15 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
631 пати