Кога автомобилите би биле жени...

12 јули 2021

На ова прашање одговор се обидела да даде фотографката Викторија Пашута.

Таа направила избор од 12 марки познати автомобили и уште толку портрети на жени.

Според нивната облека, шминка и израз, треба да бидат персонификација на моделите Тесла, Ролс Ројс, Тојота, и други.

„Живееме во материјален свет. Луѓето се толку вљубени во предметите кои ги поседуваат, така што не е тешко да се замислат во личности“, ја објаснува својата идеја фотографката.

Мора да признаеме дека во нејзините зборови има вистина. Сигурни сме дека сите познаваме некој што е „вљубен во својот автомобил“.

Во продолжение погледнете го крајниот резултат од нејзината креативна работа. Забавувајте се и кажете ни ако поседувате или доколку би поседувале некој од овие автомобили, дали се согласувате со нејзината замисла и дали и жената која е персонификација на автомобилот кподеднакво би ви се допаднала :)?

Објавено:
12 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
233 пати