Кога ќе се спојат Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби...

23 август 2019

... Се добива апсолутен хит! Пред два дена излезе трејлерот за филмот „Bombshell“, а реакциите за кастингот не стивнуваат.

Се работи за драма, по вистинска приказна, за падот на медиумскиот могул Роџер Ејлс,а поради скандалот за сексуално вознемирување во тв мрежата „Фокс њуз“. 

Никол Кидман и Шарлиз Терон ги глумат познатите американски новинарки Мегин Кели и Гречен Карлсон, кои и го покренаа обвинувањето и скандалот, по кој Ејлс беше принуден да се повлече.

Но, во прилог на ова остварување оди и фантастичната трансформација на оскаровките и нивната сличност со новинарките.

(лево) Мегин Кели - Шарлиз Терон (десно)

На овие две русокоси им се придружува и одличната Марго Роби, но нејзиниот лик е измислен, но не помалку значаен.

Не постои оскар за категоријата кастинг, но оној што ја собрал екипата за филмот „Bombshell" несомнено го заслужува.

(лево) Гречен Карлсон -Никол Кидман (десно)

Откако излезе првиот трејлер за драмата која го опишува падот на медиумскиот могул Роџер Ејлс, јавноста не престанува да се воодушевува на трансформациите на главните актерки Шарлиз Терон и Никол Кидман.

Филмот е предвидено да биде во кината во декември годинава и едвај чекаме да ги гледаме овие три моќни жени и актерки на големото платно.

Ликот на Ејлс, кој во 2016 се повлекува, а во 2017 умира, ја толкува Џон Литгов. 

Погледнете го првиот трејлер, кој не открива премногу, но е доволен тизер за тоа што ќе следува и за одличната трансформација на оскаровките.

Објавено:
23 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
4.650 пати