Кога ќе ти текне: Како еден дедо го спаси својот дом

28 ноември 2018

Хуанг Јунг Фу е 96-годишен дедо од Тајван кој благодарение на својата креативност и досетливост го спаси својот дом.

Местото во кое живее има преку 1.200 домови, повеќето се живеалишта на поранешни војници, како што е и самиот Хуанг. Повеќето од куќите се привремени живеалишта доделени од владата.

Како е наведено на сајтот „Bored Panda“, во тек на време, повеќето од војниците биле преместувани, а различни градежници и инвеститори ја купувале земјата. Сепак, неколкумина од нив, меѓу нив и Хуанг решиле да не заминуваат и да останат во местото Нантун Дистрикт зсекогаш.

Денес, бројот на жители во вакви куќарки е намален и изнесува само 11.

На Хуанг не му се допаѓало што е еден од малкуте жители во ова мало место, како ни тоа што неговиот дом бил под „опасност“, па одлучил внатрешниот и надворешниот простор да ги претвори во прекрасни слики.

Создавајќи уникатен простор, домот на 96-годишниот поранешен војник станува вистинска туристичка атракција. И не само тоа, поради големиот интерес и сосема нов лик на куќата, владата се откажува од рушењето на неговиот дом и останатите 10 во селото.

Инаку, Хуанг станува секој ден во 3 часот наутро и почнува со сликање. Иако тоа бара многу енергија, тој вели дека ќе слика кога ќе има и 100 години. 

Доказ за тоа дека туристите го обожуваат овој весел дедо е и тоа што го викаат „Дедото виножито“ (Rainbow Grandpa), а со оглед на креативноста, духот и веселоста што ја поседува, ова е сосема соодветен прекар.

 

Објавено:
28 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
189 пати
Извор: 
boredpanda.com