Кој е најбогатиот спортист на светот?

2 јуни 2020

Американскиот магазин Форбс ја објави својата традиционална, годишна листа на најбогати спортисти на светот за 2020 година.

За прв пат во историјата, на врвот не е фудблаер, туку тенисер.

Станува збор за осумкратниот шампион на Вимблдон, Роџер Федерер.

Фото: Инстаграм

Во последните 12 месеци тој заработил 106,3 милиони долари, од кои дури 100 милиони од неговата комерцијална соработка со „Uniqlo", „Credit Suisse", „Mercedes-Benz" и уште неколку други брендови. Од вкупната сума, 6,3 милиони долари се заработка директно од спортскиот терен.

Веднаш по Федерер, на листата се Кристијано Роналдо (105 милиони долари), Лионел Меси (104 милиони долари), Нејмар (96 милиони долати) и првата петорка ја заокружува Леброн Џејмс.

Инсајдерите посочуваат дека оваа година, примањата на спортистите се намалиле прв пат во последните четири години, а како последица на пандемијата. Вкупно, првите 100 најплатени спортисти заработиле 3,6 милијарди долари, што е 9% помалку во однос на претходната година.

 

Објавено:
2 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
819 пати