Кој е најголемиот фаворит за „Златен глобус“ за 2018?

13 декември 2017

Номинациите за новото, 75-то издание на „Златен глобус“ излегоа вчера, а на врвот на листата со најмногу номинации е остварувањето „The Shape of Water“, во режија на Мексиканецот Гиљермо дел Торо.

The Shape of Water

Драмата има седум номинации, вклучувајќи ги и оние во категориите за Најдобра драма и Најдобро сценарио. За потсетување, The Shape of Water победи и на годинашниот филмски фестивал во Венеција.

На второто место по број на номинации, вкупно шест, е политичко-новинарскиот трилер „The Post“, остварување во кое се појавува и Мерил Стрип, која пак е номинирана за најдобра актерка.

 По шест номинации имаат и Three Billboards Outside Ebbing и Missouri, четири има Lady Bird, додека три номинации имаат остварувањата I, Tonya, The Greatest Showman и Dunkirk.

Big Little Lies

Кога се телевизиските серии во прашање пак, „Big Little Lies“ има најмногу - дури шест. Со четири номинации е „Feud: Bette and Joan. Серијата „This is Us“ има три номинации, исто колку и „Fargo“ и „The Handmaid's Tale“.

Во категоријата за најдобри актери во драма ќе се натпреваруваат Даниел Деј Луис, Том Хенкс, Гери Олдман и Дензел Вашингтон. Освен Мерил Стрип, за најдобра актерка во истата категорија, номинирани се Џесика Честејн, Франсес Мекдорманд.

The Post

Кога е категоријата мјузикл или комедија во прашање, номинирани се Стив Карел, Џејмс Франко и Хју Џекман, како и Џуди Денч, Хелен Мирен и Ема Стоун.

Комплетната листа на номинации погледнете ја ТУКА.

Годинашното издание на „Златен глобус“ е закажано за 7 јануари, ден кога ќе бидат објавени и номинациите за „Оскар“.

Инаку, „се верува дека Златен глобус“ е предвесник на тоа што би можело да се случува на „Оскарите“, а ваквото поклопување на датумите е направено со цел да се избегнат дополнителни шпекулации.

Објавено:
13 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
297 пати