Која беше Џина Лолобриџида?

17 јануари 2023

Италијанската легендарна актерка Џина Лолобриџида, една од најубавите жени на светот, почина на 95 годишна возраст.

Ќе остане запаметена како филмска ѕвезда на европската кинематографија, икона на златното време на Холивуд (50-те и 60-те години на минатиот век).

Но, Џина не беше само актерка, кон крајот на 70-те таа се оствари и во улога на фоторепортер, а подоцна стана политичар.

Како новинар успеа да направи и ексклузивно интервју со Фидел Кастро, по што се зборуваше дека двајцата имале и љубовна афера.

Пред нејзиниот обjектив се најдоа многу ѕвезди од тоа време како Пол Њуман, Салвадор Дали, Хенри Кисинџер, Дејвид Кесиди, Одри Хепберн, Ела Фицџералд и други.

Џина се интересираше и за науката, па во 2013 година, ја продаде својата колекција накит и донираше речиси пет милиони долари во истражувања за терапија со матични клетки.

Нејзината неверојатна убавина и ги отвори патиштата на славата и оваа Мона Лиза на 20-от век уште од рана возраст почна да добива понуди за филмски улоги.

Некои од италијанските филмови по кои што ќе остане запаметена се The Wayward Wife (1953) и Woman of Rome (1954).

Во 1955 ја понесе титулата најубава италијанка, секс симбол на деценијата, а токму тоа беше и причината за многубројните љубовни афери на Џина.

Во своите рани дваесети години се омажи за прв пат, за словенечки доктор Милко Скофиќ со кој што имаше и син. Нивниот брак траеше до 1971 година.

Во 2006-та на 79 годишна возраст Лолобриџида беше верена за својот 34 години помлад партнер со шпанско потекло Хавиер Рафолс, но тој брак не се оствари.

Филмската легенда за интервју по повод нејзиниот 90 роденден изјави дека се чувствува дека полни 30 години.... +30+30...

Фото: Pixabay

Објавено:
17 јануари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
524 пати
Тагови: 
актерка Холивуд