Која град е на врвот на најпосакувани дестинации за 2021?

28 мај 2021

Светот мораше да ги паузира патувањата речиси година и половина. Но, како што бројките на глобално ниво се намалуваат, така интересот за посета на различни дестинации расте.

Во тој контекст, Меѓународната мрежа за организација на луксузни патувања „Traveller Made“ ја прогласи Виена за најпосакувана дестинација за 2021 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vienna (@vienna_austria)

Во трката за титулата „Most Desired Preferred Destination“ Виена ги победи Цирих и дел од градовите во Јапонија, Нов Зеланд, Кореја и Австралија.

Инаку, „Traveller Made“ е водечка мрежа во областа на луксузни патувања, која вклучува 71 земја, 450 агенции и 3.500 таканаречени Luxury Travel Designers.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vienna (@vienna_austria)

Така, оваа година одлучија дека Виена ги поседува сите елементи што треба да ги исполни една дестинација за луксузно патување - ексклузивност, ункатност, висок квалитет во сите области... Покрај понудите со кои изобилува градот, активното ангажирање на Виенската туристичка организација за време на пандемијата исто така придонела за победата на овој град. 

Имено, оваа организација од 2017 активно се труди околу етаблирањето на Виена како луксузна дестинација. Инаку, во луксузни туристи се вбројуваат поединци кои имаат имот вреден преку 30 милиони долари, односно и преку еден милион долари (Ultra High Net Worth Individuals), а очигледно дека на Виена не ѝ недостасуваат такви.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vienna (@vienna_austria)

 

Објавено:
28 мај 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.929 пати
Тагови: 
Виена