Во Македонска филхармонија
Концерт по повод 1000 години од основањето на „Бигорскиот манастир“
•
18 септември 2020
На 23 септември (среда) во Големата сала на Македонската филхармонија, со почеток од 20 часот ќе се одржи свечен концерт по повод големиот јубилеј на Бигорскиот манастир - 1000 години од неговото основање.
Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а како солисти ќе настапат Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).
На концертот ќе бидат изведени стари македонски изворни композиции, а од Филхармонија ги покануваат сите граѓани да дојдат да уживаат и заедно да му оддадеме чест на Бигорскиот Манастир кој веќе 1000 години ја облагородува македонската земја.