Концертот на Бајага и Инструктори е последен настан на Авалон до завршување на корона кризата

27 август 2020

На денешната прес конференција на Авалон продукција беа најавени концертите на Електрични Оргазам, фестивалот Skopje Calling Macedonia's finest и на Бајага и Инструктори кои ќе се одржат на 11-ти, 12-ти и на 13- ти септември, на стадионот на АРМ на отворено.

Сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески, денес пред медиумите изјави дека концертот на Бајага и Инструктори ќе биде последен настан на Авалон Продукција, сѐ додека СЗО не прогласи победа на корона вирусот.

- Иако сѐ уште не постојат протоколи за концерти во затворено, целава ситуација е премногу стресна и за мене лично и за нас како фирма, за да можеме во овој момент да планираме концерти во затворени простори, сѐ до официјално завршување на Корона кризата. Па, може да се случи овие три концерти да бидат последни до пролет 2021 година- изјави сопственикот на Авалон Продукција, Бобан Милошески.

Заклучно со овие три проекти, Авалон Продукција ќе ја заврши концертната сезона со неверојатни 13 концерти, што е историски потфат на светско ниво во вакво кризно време.

Се гледаме на АРМ од 11-ти до 13-ти септември!

Објавено:
27 август 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
996 пати