Концертот на Каролина со Македонска Филхармонија од петок презакажан за недела

14 февруари 2019

Поради големата трагедија што се случи вчера, кога во сообраќајна несреќа загинаа 14 наши сограѓани, денешниот и утрешниот ден се прогласени за денови на жалост. Поради тоа, откажани се сите настани од јавен карактер.

Концертот на Каролина Гочева со Македонска Филхармонија, што требаше да се одржи во петок, е презакажан за недела.

„Почитувани, ве информираме, поради вчерашната трагедија и прогласените два дена на жалост, првиот од двата овонеделни концерти наместо во петок на 15.02. ќе се одржи во недела 17.02. Вториот концерт останува во сабота, на 16.02", се вели во соопштението на Авалон продукција.

Објавено:
14 февруари 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
227 пати