Корлеоне на Сицилија е идеалното место за есенски одмор

15 октомври 2019

Кога го прочитавте насловот, сигурно веднаш се сетивте на Дон Вито Корлеоне кој потекнува токму од ова место, а кое морате да го посетите барем еднаш во животот.

evening_standard

Ако оваа есен баравте авантура, а ви здодеаја сите оние агенциски понуди, обидете се овојпат да направите нешто поинакво и да доживеете вистинска преродба.

Покрај тоа што е симбол за култното семејство Корлеоне и филмот „Кум“, токму тука ќе можете да уживате на неодамна направената фарма на која можете да отседнете и да ги вкусите сите неверојатни италијански рецепти.

Во ова место живеат околу 11.000 луѓе и истото е супер мирно за целосно опуштање кога ви треба бегство од градот.

Во оваа прекрасна фарма наречена Bona Fortuna ќе можете да дегустирате некои ретки видови на маслинки, сочни домати, безброј видови леб и што уште не.

mr_guide

Доколку сакате, вилата нуди и организирана тура низ Сицилија и низ сите интересни места што вреди да ги посетите доколку планирате патување таму.

Веројатно знаете дека токму тука ќе ги пробате највкусните тестенини, специјалитети со тартуфи и секако, неверојатно добри вина.

Супер идеја за тоа како да го „потрошите“ есенскиот одмор доколку сè уште не сте го сториле тоа!

Инфо и фото: Buro 247.hr

Објавено:
15 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
340 пати