Кралицата троши околу 30.000 фунти секоја година на божиќни подароци

4 декември 2020

Традиција е британското кралско семејство да го прославува Божиќ кај кралицата Елизабета Втора во дворецот „Виндсор“. Но, поради пандемијата, оваа година сите членови ќе слават во рамките на своето семејство и дом.

Сепак, домот на кралицата не остана неукрасен. Вчера на социјалните мрежи ја споделија новогодишната декорација на елката, која навистина изгледа прекрасно.

 

 Висока е шест метри и украсена со преку 3.000 сијалички и стотици други украси. 

Интересно е и дека кралицата секоја година купува подароци за секој член од семејството и вработените, список кој вклучува 620 луѓе. За тие подароци троши околу 30.000 фунти, пренесува „Сан“.

 

На секој од вработените досега подароците им ги врачувала лично, со по некој збор во стилот „Ви благодарам за сета помош во текот на годината. Среќен Божиќ“. 

Ако вработените во моментот се на некој од другите објекти и работат, тогаш подароците им се праќаат, со картичка „Од Нејзиното Височество“.

 

Објавено:
4 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
416 пати