Креативците со морална поддршка за медицинските лица: Вие сте нашите супер-херои!

16 март 2020

Медицинските лица го носат најголемиот товар и одговорност во оваа несакана, новонастаната ситуација. Затоа нашата поддршка и следењето на нивните инструкции и насоки, во моментов се од витално значење.

Креативците пак, секогаш иновативни во своите размислувања, и во оваа ситуација наоѓаат соодветни медиуми и креативни решенија како да им ја испратат својата поддршка преку уметноста.

Таков е случајот и со нашиот илустратор Душко Зафировски, кој направи неколку фантастични, мотивирачки постери за поддршка за здравствените работници, кои во оваа вонредна ситуација работат без работно време и со максимално искористување на капацитетите.

Дизајнот е инспириран од ретро супер-херојските постери, а вклучува неколку различни варијанти посветени на: докторите, медицинските сестри, болничарите, фармацевтите и волонтерите.

Да, супер-хероите постојат!

 

Објавено:
16 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
588 пати