Куќата на светките - уште една од атракциите во Лондон

23 ноември 2018

Од неодамна на сајтот „Букинг“ може да се најде уште една неверојатна понуда, идеална за празничниот период од годината.

Како пренесуваат британските медиуми се работи за таканаречената „Куќа на светките“(House of sparkle) која се наоѓа квартот Сохо, а создадена е благодарение на соработката со Кристиан Коуан, дизајнер познат по миксто на модни и забавни елементи, односно светките и гламурот.

влезот на приземје

За потсетување, негови креации носат Бијонсе, Лејди Гага, Карди Би... Овој пак, одлучи да соработува со „Букинг“ и да создадат објект кој е еднаков на магија.

Оваа куќа на блескавоста, на сјајот, содржи 36.000 светки, 52.000 стаклени топки, два километри металик траки, односно тапети за ѕидовите и 100 килограми од одржлив златен прав. 

„Моите креации најчесто претставуваат хумор со самодоверба во кмбинација со идејата за младешкиот стил на модерните жени. Кога жените ќе поминат на улица во моите креации, сите се вртат и воздивнуваат! Инспирацијата и за уредувањето на „Куќата на светките“ произлезе од мојата последна колекција која изобилува токму со светки, сјај, драматични кроеви и секако гламур. Беше забавно. За првпат мојата визија ја претворив во магично место за престој“, вели дизајнерот.

дневна соба

И навистина, од она што може да се види и од фотографиите, сè во оваа четирикатна куќа што можете да замилите е со светки - и спалната соба, и бањата, дневната, ѕидовите. 

Оние што би сакале да уживаат во вавков сјај, можат тоа да го сторат на 7, 8 и 9 декември. Оваа на некој начин промотивна понуда подразбира дека можете да престојувате во куќата само една вечер (за двајца), а цената изнесува 99 фунти, односно 111 евра.

спална соба

бања

Би сакале ли да видите како изгледа?

Објавено:
23 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
375 пати
Извор: 
DailyMail