Култни фустани во една книга

20 ноември 2014

Книгата со наслов „The Dress“ нуди илустрации од креациите, со цитати и написи за секој фустан посебно. Содржината е богата со илустрации од кралски фустани, тоалети од црвените килими, до дизајни кои ги носеле холивудските убавици низ годините.

Ова е второ дело на Меган Хас, која претходно издаде книга за ентериерите на познатите модни икони. „The Dress“,  содржи илустрации од венчалниот фустан на Кејт Мидлтон, зелениот транспарентен фустан кој го носеше Џенифер Лопез, фустанот на Живанши кој Кејт Бланшет  го имаше на себе од  доделувањето на Оскарите во 2011 година, креацијата на Марк Џејкобс за Кејт Мос и други.

Преземено од Buro 24/7
Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Култура