Квентин Тарантино ќе режира филм за масовниот убиец Чарли Менсон

13 јули 2017

Минатата година, еден од најексцентричните современи режисери Квентин Тарантино изјави дека во својата кариера пред пензионирање, планира да сними само уште два филма. Оваа негова изјава, јавноста баш и не ја сфати сериозно, со оглед на тоа дека и претходно имал такви изјави, па потоа самиот се демантирал.

Фото:tarantino.info_.jpg

Но, дури и да е така, веќе е најавено кој ќе биде еден од двата „последни" негови филмови. Тарантино ќе ја обработи приказната за еден од најозогласените ликови во Холивуд, водич на култот одговорен за многу убиства, Чарли Менсон.

 Чарли Менсон, фото: wallpapers_craft

Како што наведува Hollywood Reporter, насловот и деталите околу оваа реална приказна сè уште не се прецизирани, но познавајќи го режисерскиот профил на Тарантино, веруваме дека ќе биде брутално.

Помеѓу сите убиства на Менсон и неговата „фамилија" односно следбениците на култот, веројатно најпознато е убиството на Шерон Тејт, бремената вереница на режисерот Роман Полански.

Веќе се шират гласини дека нејзината улога ѝ е понудена на актерката Маргот Роби, а исто така се шпекулира дека се преговара и со Бред Пит.

Ќе биде интересно да се види дали Тарантино може да биде умерен во прикажувањето на крвавите сцени, со оглед на тоа дека се работи за вистински настани што го промениле животот на многумина.

Објавено:
13 јули 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
148 пати