Лажна вест за смртта на Оливер Драгојевиќ?!

9 декември 2017

Последниов час низ балканските медиуми се прошири веста за смртта на хрватскиот пејач Оливер Драгојевиќ.  „Сплитски дневник“ прв ја објави веста, но после неколку минути истата беше тргната - дали поради невистинитост или блокираност на сајтот, сè уште не е познато.

Сепак, ниту еден друг хрватски медиум не сподели вечерва таква вест.

извор: glroia.hr/Duje Klarić / Hanza Media

За сега е познато дека пејачот е во кома и сè уште се бори за живот. Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ во рамки на еден настан ги замоли сите да се помолат за здравјето на Драгојевиќ.

извор: Твитер

Инаку, Оливер пред два дена наполни 70 години, а бројни колеги му посакаа само едно - да излезе како победник од борбата со лошата болест - канцер на белите дробови.

изввор: gloria.hr/Nikola Vilić / Hanza Media

Поради состојбата, пејачот неодамна ги откажа сите концерти. За сега, сè уште нема никаква официјална потврда за неговата состојба...

 

Објавено:
9 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.230 пати