Легендарна фотографија: Никол Кидман и Кит Урбан на концерт на „Iron Maiden"

23 август 2019

Познатиот пар Никол Кидман и Кит Урбан, неодамна присуствуваа на концерт на култниот метал бенд „Iron Maiden" во Нешвил, Тенеси.

По концертот, сè уште под импресии, кантри музичарот Урбан на својот профил на Инстаграм објави легендарна фотографија заедно со Никол и членовте на бендот, под која напиша емотивен пост:

-Од каде да почнам... Ова за мене (за нас) беше остварување на сонот! ... И кога се појавија на сцена ѝ кажав на Никол: Сакаш да ги видиш господарите? – еве ги! ... Вие сте супер луѓе!

Инаку „Iron Maiden" се актуелни со нивната светска турнеја „Legacy of the beast", во која се опфатени Европа, Јужна и Северна Америка.

 

Објавено:
23 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
137 пати