Легендарните Whitesnake вечерва во Скопје!

25 ноември 2015

Членовите на култниот рок бенд Whitesnake предмалку пристигнаа во Скопје, по повод вечерашниов концерт што ќе се одржи во салата „Борис Трајковски", а во организација на Авалон продукција.

По фантастичните концерти во регионот (Загреб, Белград и Софија), вечерва очекуваме кулминацијата да се случи токму во Скопје каде публиката ќе биде сведок на легендарните хитови на великаните Whitesnake и Deep Purple отпеани од единствениот Дејвид Ковердел.

Whitesnake доаѓаат во рамките на историската Purple турнеја, која го промовира истоимениот албум- The Purple Album. За фановите од цела Македонија, Албанија, Косово и Грција, фронтменот на Whitesnake, ветува енергична и незаборавна забава со култните хитови што ги отпеа своевремено со Deep Purple, но и со своите најголемите хитови кои ја одбележаа светската рок сцена во последниве четири децении

Вратите во арената „Борис Трајковски" се отвораат од 19 часот. Концертот ќе го отвори The Dead Daises- бендот кој ги придружува Whitesnake на нивната европска турнеја, во 20.25 часот, а Whitesnake ќе го почнат својот настап точно во 21.30 часот.

Еве ја комплетната сет листа:
1.Burn
2.Bad Boys
3.Love Ain't no Stranger
4.The Gypsy
5.Give me All Your Love
6.You keep on Movin'
7.Ain't no Love in the Heart of the City
8.Guitar solos
9.Mistreated
10.You fool no one
11.Drum solo
12.Soldier of Fortune
13.Is this Love
14.Fool for Your Lovin'
15.Here I go Again

Објавено:
25 ноември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
492 пати