Лекција по елеганција: Југословенска улична мода од 60-те

24 август 2020

Белградските улици во периодот на 60-те години, биле како разгледница на најновите светски тенденции поставени на основата на безвременската класика.

Документирани преку објективот на Бранислав Бане Ѓорѓевиќ, инаку професор по музика и хроничар на градот, денеска и ние имаме прилика низ фотографии да го почувствуваме духот на југословенската улична мода која диктира безвременски лекции по елеганција, каква можеби денеска ни недостасува.

„Кнез Михајлова", како огледало на уличната мода на поранешната република, ни го доловува амбиентот на едно поинакво доживување на модата од едно поинакво време, на кое секогаш може да се навраќаме како пример за беспрекорен стил.

Фото: Бранислав Бане Ѓорѓевиќ

 

 

Објавено:
24 август 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.986 пати