Ленче Кукиќ раскошна во ЕЛЕНА ЛУКА ја промовираше празничната песна „Бисер“

11 јануари 2022

Убава божиќна честитка ни пристигна од Ленче Кукиќ. За време на празниците во емисијата „Гранд парада" таа го промовираше новиот сингл „Бисер", песна со која ја започнува својата соработка со „Гранд продукција".

Автор на песната е Хуса Бит Стрит, текстот е на Весна Петковиќ, а аранжаманот го изработија Јован Вукичевиќ и Сречко Митровиќ.

Како што ни изјави Ленче, „Бисер" е вистински бисер-песна во ова сиво и тензично време.

„Ове е песна со среќна тема. Токму таква каква што ни е потребна да нѐ разведри во ова „матно" време. Комплетно се пронајдов. Пријатно се изненадив кога ме побараа авторите и ми кажаа дека ова е песна за мене. И навистина е така. Ни се соединија енергиите и направивме песна која се надевам дека долго ќе живее", ни кажа Ленче која официјално започнува соработка со „Гранд продукција".

На промотивниот настап во божиќното издание на „Гранд парада", Ленче изгледаше раскошно во елегантна тоалета, специјално дизајнирана за неа од нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА. Совршено прилагодена на нејзиниот сензибилитет, оваа тоалета е изработена од богато кадифе во темно сина нијанса, со впечатливо деколте и луксузен, корсетиран горен дел што му дава уникатен стилски акцент на целиот отмен изглед.

„Јас сум 30 години во оваа професија и никогаш не сум добила ваков професионален третман, каков што ми обезбедија во ЕЛЕНА ЛУКА. Апсолутно сум воодушевена и од нивниот професионален пристап и од креациите што ги изработија специјално за мене. Тие комплетно се грижат за сите мои настапи во Гранд и знам дека сум во сигурни раце. Презадоволна сум од соработката." вели Ленче која и во спотот за „Бисер" кој се снима деновиве, исто така носи уникатни дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА.

За потсетување, Ленче Кукиќ ја освои балканската публика со нејзиниот неприкосновен талент откако во 2019 година победи на музичкото шоу „Никад није касно", каде претходно исто така победник беше и нејзиниот сопруг Горан Кукиќ.

Во очекување на новиот видео запис за „Бисер", погледнете го промотивниот настап на Ленче во „Гранд парада".

 Фото: Гранд продукција

Објавено:
11 јануари 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
2.931 пати