Леонардо ди Каприо донираше 5 милиони долари за Амазон

26 август 2019

„Earth Alliance", органзација за заштита на животната средина зад која стои холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, донираше 5 милиони долари како поддршка на процесот за санирање на пожарите и последиците од нив во Амазон, што достигнаа катастрофални размери.

Донацијата ќе биде распределена на пет локални органзации чија што цел е да се минимизираат штетите и да се заштити чувствителната флора и фауна во прашумата која има круцијална улога што се споредува со „белите дробови" на нашата планета.

„Најголемата прашума во светот има клучна улога во решението за глобалните климатски промени", напиша Леонардо во пост на Инстаграм, алудирајќи на непроценливото глобално значење на Амазон.

Инаку, „Earth Alliance" е независна организација за борба против климатските промени, што во јули ја основаше Леонардо заедно со сопругата на Стив Џобс, Лорин Пауел Џобс и Брајан Шет. Организацијата ја раководи независен менаџмент што го сочинува тим од научници кои имаат заедничка цел да го заштитат еко системот и животинскиот свет.

Објавено:
26 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.686 пати
Тагови: 
Амазон