Лето во Македонија: 300 скалила до прекрасниот Смоларски водопад и прошетка низ Струмица - градот на ѕвездите

29 мај 2020

Од Прилеп, одиме во Струмица и струмичко. Во Македонија има околу 150 водопади, но едни од најубавите се наоѓаат токму во овој дел од државата - Смоларскиот и Колешинскиот.

300 скалила до небесна убавина

Смоларскиот водопад е единствениот постојан во Македонија, а воедно е и највисокиот во државава, со висина од 39.5 метри.  Сместен или уште подобро кажано сокриен меѓу столетните букови дрвја на падините на планината Беласица, еден е од оние што ќе ве фасцинираат со својата убавина. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец. Доколку сте обучен љубител на екстремни спортови, како што е кањонскиот спорт, тогаш со потребната алпинистичка опрема може да се впуштите во предизвикот да се спуштите по должината на Смоларски Водопад. Адреналинот загарантирано ќе се покачи

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @mittrevski onMay 30, 2019 at 5:31am PDT

 На патот кон водопадот има мал пазар со вкусни локални производи. А планинаската патека што води до водопадот ќе помогне да посведочите на магичната природна убавина околу вас. Од брзината на паѓањето, ќе ви изгледа како водата да е бела. До него ќе ве водат 300 скалила, а кога ќе стасате таму, нема да сакате скоро да заминете. Можете да уживате во шумата околу и да го почувствувате спокојот на природата. Враќајќи се, поминете на пазарчето и купете си домашно слатко или мед или пак сувенир што ќе ве потсеќа на ова прекрасно искуство.

 

Колешински водопад - место што ќе ви ја смири душата

Во близина на селото Колешино се наоѓа уште еден од најпознатите водопади - Колешинскиот. За него ќе слушнете дека е нешто посебно, а кога ќе дојдете на местото, ќе сфатите и зошто. Спокојот ќе ве обземе и едноставно ќе имате чувство како да лебдите.Свежата вода како да ги чисти и мислите и сето лошо што ви се наталожило во душата и телото.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jakub Volák (@james_wall.ace) onJul 19, 2018 at 9:57am PDT

До водопадите се стигнува преку трасирана и обезбедена шумска патека дел, долд која се распоредени По патеката се распоредени мали летниковци и клупи. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

 

Струмица - градот на ѕвездите и легендите

Можеби во прв момент ќе ви се чини како да претеруваме, но списокот на познати личности кои се родени тука е навистина долг - од легендарните Ристо Шишков и Гоце Арнаудов, преку Горан Пандев, Владо Илиевски, па сè до Зоран Маџиров, Никола Маџиров, Лазар Бакаров, Митко Маџунков, Борче Начев, Киро Урдин, Борис Трајковски...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onOct 25, 2019 at 3:41am PDT

И доколку одите да ги видите водопадите, тогаш не пропуштајте да ја видите и Струмица. Од мирните природни убавини, ќе дојдете во динамичен град. Со огромен градски парк и модерни кафулиња, Струмица ќе ви понуди забава без разлика на тоа каков е вашиот сензибилитет. Го нарекуваат уште е градот под Царевите кули, па во оваа прошетка, не пропуштајте го калето кое се наоѓа на југозападната периферија и има фантастичен поглед врз целата струмичка котлина. Струмичани сè уште си го негуваат корзото, кое е и денес една од најфреквентните улици во градот. Во зависност од тоа во кој период доаѓате, можете да проследите и некоја од традиционалните манифестации и настани, кои годинава е неизвесно дали ќе се одржат.

На пример, интернационалниот филмски фестивал АСТЕРФЕСТ традиционално се одржува кон крајот на мај.  Струмичкиот карневал пак, се одржува секоја година 40 дена пред големиот христијански празник Велигден, во вторникот по Прочка; Во Струмица се одржува и Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков" кој започнува на 8 септември, додека секоја година терминот од 1 до 20 август е резервиран за Меѓународната ликовна колонија. Од поновата историја е и Струмица Опен Фестивал,
манифестација на која присуствуваат познати музички икони, ликовни уметници и поети.

Доколку се решите да го посетите овој крај, видете што ве очекува и преку фотографиите во продолжение:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onFeb 25, 2020 at 9:14am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onApr 12, 2020 at 11:42am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onFeb 16, 2020 at 8:37am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onDec 17, 2019 at 11:42am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@strumica_mk) onDec 1, 2019 at 2:22am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onOct 15, 2019 at 2:05pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Svetomir Milosevik (@milosevik) onOct 10, 2019 at 12:53pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onOct 3, 2019 at 3:44am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Kostadinov (@aleksandar.kostadinov2000) onMay 20, 2020 at 12:00pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by photos by BRZAKOVSKI (@brzakovskiphotography) onMay 17, 2020 at 7:27am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nature (@m.photosfactory) onMay 18, 2020 at 1:41pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onApr 26, 2020 at 8:30am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onApr 6, 2020 at 5:35am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@strumica_mk) onFeb 28, 2020 at 7:49am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by@strumica_mk) onOct 11, 2019 at 9:51am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by srekja.mk (@srekja.mk) onAug 17, 2017 at 12:58am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Stjepana Đulabić (@s_dulabic2119) onNov 16, 2019 at 5:56am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Христијан Мирчески (@kikocaptain) onNov 30, 2019 at 9:00am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Фросина (@fros_chu) onMay 13, 2020 at 4:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Shopov G. (@sh0p0v1g) onApr 26, 2019 at 1:46pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tankica (@tankica_g) onMay 24, 2016 at 9:10am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Explore Macedonia (@explore.macedonia) onNov 19, 2019 at 2:33am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Macedonia - Makedonija (@macedonia_makedonija_) onMar 9, 2019 at 12:07am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Grill&Bar TuTiJa Kolesino (@tutija.official) onMay 25, 2020 at 9:22am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marco Fleming (@marcofleming) onAug 5, 2019 at 8:51am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vanessa (@doppels_yo) onSep 29, 2018 at 1:47pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Абре Македонче (@abremakedonce) onApr 20, 2020 at 2:57pm PDT

 

Лето во Македонија - Прошетка низ „Памук Кале" и Прилеп - град пребогат со историја и вкусна храна

Лето во Македонија - Крушево, градот на емоциите

Лето во Македонија - Лазарополе - каде воздухот е најчист, а душата смирена

Лето во Македонија - Долно Дупени, место на најубавите зајдисонца

Лето во Македонија: Сливница, местото со најубавата и најромантична плажа

Објавено:
29 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.402 пати