Лето во Македонија: Прошетка низ „Памук Кале“ и Прилеп - град пребогат со историја и вкусна храна

26 мај 2020

Од Крушево, патуваме за Прилеп. Би било штета доколку ја шетате Македонија да не поминете во градот кој го нарекуваат  град на тутунарите, на Крале Марко, на народните ослободители, еден од центрите на македонската писменост. Но, како и да го наречете, вистината е дека Прилеп е град пребогат со историја, топлина. Прилеп е град со посебен идентитет. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Macedonia (@aroundmacedonia) onMay 6, 2020 at 5:03am PDT

Бил изграден на едно од возвишенијата кај месноста Варош, која е составена од камени грамади со чудесни облици и бои. Денес, на средновековниот локалитет се наоѓаат Марковите Кули, последните остатоци од некогашниот град и тоа е веројатно едно од првите места на кои треба да се упатите. Тој фантастичен спој на карпест релјеф и огромни ѕидини на една од најголемите тврдини на Балканот.

Во 2006 година „Марковите кули“ беа прогласени за Споменик на природата, а кон почетокот на годинава во медиумите се појави веста дека овој локалитет е на чекор до тоа да биде под постојана заштита од УНЕСКО. Четирите врвови Чардак, Тапаче, Крупник и Гребник, (од кои највисок е првиот), како и самата структура и цврста градба која му одолева на времето, заедно со историската заднина, се и повеќе од доволна причина да биде и светски признаена и заштитена. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elowyn Stevenson (@elowyn.the.warrior) onSep 4, 2019 at 12:07pm PDT

Низ целиот овој масив се истакнуваат најразновидни форми во вид на врвови и остенци, столбови и запци, печурки, плочи, топки, пештерски и котлести длабнатини. Шареноликиот релјеф  ја поттикнувал фантазијата на луѓето, а затоа можат да посведочат и именувањата на карпите како: Штрк или Слон, Жаба, Волк, Трон, а посебно познати се карпата-лав и мома, која називот го добила бидејќи наликува на девојка со шамија... За прошетка на локалитетот кој преставува вистинска уметност на природата, одвојте најмалку еден час. Ќе бидете воодушевени.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jan Kocjan (@jankocjan) onMar 15, 2020 at 5:03am PDT

А за воодушевување е и податокот дека во Варош, во самото подножје на Марковите кули, се верува дека некогаш постоеле дури 77 цркви. Од нив за жал, зачувани се само неколку, „Св. Никола", „Св. Димитрија" , „Св. Атанас" за која се врзуваат повеќе легенди во врска со паѓањето на нејзиниот покрив и други.

Но, посебно не заминувајте без да го посетите манастирот „Св. Архангел Михаил", кој е највпечатлив, сместен во природно гнездо на југозападната страна. Она што не треба да се пропушти да се види кога се посетува овај манастир се фреските на крал Волкашин и крал Марко на двете страни од самиот влез на црквата, но и вториот по старост словенски натпис кој се наоѓа на столбот на самиот трем на црквата и за кој се претпоставува дека датира од 996 година. Најстарите фрески се наоѓаат под денешната црква, на големи навалени карпести блокови.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Byzantine Architecture and Art (@byzantinearchitecture) onMay 22, 2020 at 4:27am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by balkanyrudej (@balkanyrudej) onOct 6, 2019 at 10:18am PDT

Во самиот град пак, не пропуштајте да прошетате низ прилепската Стара Чаршија. Таа се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар. Старата чаршија е урбанистички комплекс, кој својот најголем подем го има во вторта половина на 18 век и почетокот на 19 век кога во тој период Прилеп бил многу развиен трговски и занаетчиски град. Во втората половина на 19 век, по серијата пожари која ја зафатиле старата чаршија во Прилеп во 1854,1866 и 1873 година економската и трговскта моќ на страта чаршија опаднала. А тоа ќе предизвика и нејзино менување. Така, денес таа има права линија на движење, од двете страни се наоѓаат модернизирани дуќани, но сепак со нота на автенитичност за тој простор. 

На мал плоштад непосредно до „Саат кулата“ и „Чарши џамија“ на влезот од познатиот прилепски пазар, каде со векови се одвивал богат чаршински живот, поставен е споменик на Итар Пејо, ликот што го креираше народниот творец, истакнувајќи ја мудроста, итрината и духовитоста, особини што ги красат прилепчани. Споменикот е поставен на две чешми. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nature (@m.photosfactory) onMay 23, 2020 at 1:30pm PDT

„Саат кулата“ е една од најубавите во Македонија. „Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах.“ е текстот кој ќе го најдете на неа. Од друга страна пак, за „Чарши џамијата“ се вели дека е единствена во Европа со две тераси на своето минаре.

Ако сте љубители на добра македонска кујна, тогаш Прилеп ќе ви остане во сеќавање. Таму ќе можете да го вкусите најубавото тавче-гравче со суви пиперки, колбаси, месени специјалитети...

Од 2012 година се одржува и трката „Krali Marko Ultra Trail“, која се одвива низ падините и планините околу градот, со должина од околу 60 километри. Концепт е многу поразличен од класичните маратони и главно се одвива на планински терени каде што се искачуваат високи надморски висини, стрмен терен и многу голема психофизичка подготовка е потребна за таков вид на трка. 

Во околината на градот не пропуштајте го и единствениот „Музеј на тутунот“ на Балканот, но и впечатливото „Мермерно езеро“, односно меѓу народот познато како македонското „Памук кале“. Се наоѓа кај село Беловодица. На локацијата се вршело ископ на мермер се додека при ископот се стигнало до извор на природна вода која го запрела процесот.  Ако се најдете таму при залезот на сонцето, мермерот добива интензивна бела боја, а сенките од засеците и контрастите добиваат висок интензитет и таа слика ќе ве остави без здив.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ANTONIJA LOKVENEC (@antonijalokvenec) onJun 23, 2019 at 4:03am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Maja Adzioska (@maja.adjioska) onJan 8, 2018 at 3:42am PST

Не е безбедно за капење, но сепак е вредно за посета, бидејќи ќе ви остане врежано во меморијата долго.

А ако досега не сте биле во Прилеп и неговата околина, веруваме дека фотографиите во продолжение ќе ве мотивираат да го сторите тоа што побрзо:

 
 
 
View this post on Instagram

#weekend #friends #trip #adventure #lake #macedonia #mountain #marble #mermernoezero

A post shared by THINK LESS STUPID MORE (@romco_) onSep 8, 2019 at 10:12am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Macedonia.places (@macedoniaaplaces) onMay 2, 2020 at 12:40pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Edin Mimidinovski (@lilplaya91) onAug 10, 2019 at 4:46am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bojan Anastasov (@bojan_anastasov) onJul 13, 2016 at 1:39am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska) onMay 25, 2020 at 4:33am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Memories Of A WarThe Balkans (@memoriesofawar) onMay 25, 2020 at 5:11am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@mathoutravel) onMay 24, 2020 at 7:29am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@m.photosfactory) onMay 23, 2020 at 3:39pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nature (@m.photosfactory) onMay 23, 2020 at 1:26pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Grandpa's Noon O'clock Stories (@grandpasnoonoclockstories) onMay 22, 2020 at 3:00am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Fan Produkcija - Zoran Pilata (@fanprodukcijazoran) onMay 18, 2020 at 9:30pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Linara Production (@linaraproduction) onMay 15, 2020 at 3:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marko Kostovski (@sinkomarko) onMay 8, 2020 at 10:40am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina (@ka_terina6440) onMay 1, 2020 at 5:27am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Viktorija Bozhinoska (@viktorijabozhinoska) onMay 1, 2020 at 6:36am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @enana_nanana onApr 7, 2019 at 1:40pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Camping Hiking Outdoor (@campingmk) onNov 12, 2019 at 6:19am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina (@ka_terina6440) onMay 12, 2020 at 5:22am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina (@ka_terina6440) onOct 23, 2019 at 6:46am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ruda Z. (@rudysdiary) onJul 7, 2018 at 11:55am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CaliVita (@calivita_mak) onSep 21, 2019 at 3:08am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@kiril.ambar) onFeb 3, 2019 at 9:15am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vlado Bosnjakovski (@vlado_ftw) onApr 22, 2018 at 12:49am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@kiril.ambar) onApr 18, 2018 at 11:45am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Darko Dimitrioski (@dark0.d) onNov 20, 2017 at 9:41am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by journeystories (@journeystories_) onJul 23, 2017 at 10:29am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andriana (@the_active_educator) onAug 1, 2017 at 6:18am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HRISTIJAN 23 CAPRICORN (@kitanoski.h) onMay 19, 2017 at 10:05am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by welovemacedonia (@welovemacedonia) onJan 11, 2016 at 5:55am PST

 

користени информации од: prilepinfo.mk; prilep.gov.mk;

Лето во Македонија: 300 скалила до прекрасниот Смоларски водопад и прошетка низ Струмица - градот на ѕвездите

 Лето во Македонија - Крушево, градот на емоциите

Лето во Македонија - Лазарополе - каде воздухот е најчист, а душата смирена

Лето во Македонија - Долно Дупени, место на најубавите зајдисонца

Лето во Македонија: Сливница, местото со најубавата и најромантична плажа

Објавено:
26 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
5.267 пати