Лето во Македонија: Сливница, местото со најубавата и најромантична плажа

9 јуни 2020

Од Струмица и прекрасните водопади, ве „носиме“ накај Преспа. Ви откриваме (или за оние што биле, потсетуваме) едно рајско место во Македонија. Се работи за Сливница, село во Општина Ресен, во областа Долна Преспа, сместено во близина на источниот брег на Големото Преспанско Езеро.

Природата околу Сливница ќе ве остави без здив. Ако се упатите накај ова место, не пропуштајте го манастирот Св. Богородица, кој се наоѓа на три километри од селото. Манастирскиот комплекс содржи скромна црква, изградена и декорирана во 17-от век поточно1607 година. Во состав на манастирот има конаци во кои може да се преспие. Овде била сместена втората по големина ресавска школа, после Лесновскиот манастир.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prespa(@presparesen) onAug 27, 2019 at 8:10am PDT

Инаку, селото е сместено на надморска височина од околу 900 метри, па летните ноќи се свежи и исполнети со чист воздух кој во големите градови очајно го бараме. Од општинското средиште, градот Ресен, е оддалечено 16 километри. Се наоѓа недалеку од патот Битола - Ресен - Охрид, па секако е погодно за летна авантура на повеќе места.

Селото има околу 160 жители, а најголем дел од нив се занимаваат со туризам, овоштарство и риболов.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ljupcho (@ljupchov) onAug 6, 2019 at 12:54am PDT

Во туристичката населба пак, ќе ве воодушеви една од најубавите плажи во овој регион. Долга е околу 400 метри. Има прекрасен ситен песок. Пред шест години е реновирана и располага со повеќе од 1.000 лежалки и одлични хавајски чадори.

Супер е што во ист правец се и Љубојно, Брајчино и Долно Дупени, каде исто така има одлична плажа. 

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Prespa(@presparesen) onAug 5, 2019 at 12:32am PDT

На самата плажа има фантастичен таканаречен мост, од кој можете да ги гледате некои од најубавите зајдисонца. Романтична и со поглед кон островот Голем Град, ќе ве воодушеви и ќе посакате да се вратите. Овде ќе посведочите на прекрасно ѕвездено небо и ќе ве прегрнат боите на виножитото.

Впрочем, погледнете дел од фотографиите и уверете се сами зошто ова место не смеете да го пропуштите:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Svetomir Milosevik (@milosevik) onJul 24, 2016 at 7:53am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by melbmumfoodie (@melbmumfoodie) onAug 19, 2019 at 3:39am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @etno_selo_arvati onSep 23, 2019 at 10:03pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by shuri77 (@shuri77) onAug 26, 2019 at 5:23am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ivana (@d_ivana_b) onAug 20, 2017 at 7:53am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kristina Svetieva (@kristinasvetieva) onSep 17, 2016 at 3:06pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Svetomir Milosevik (@milosevik) onJul 24, 2016 at 6:58am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Svetomir Milosevik (@milosevik) onJul 23, 2016 at 4:26am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Svetomir Milosevik (@milosevik) onJul 23, 2016 at 12:01pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katerina (@katerina_jos1) onJul 22, 2017 at 3:58am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ilce Bosilkovski (@ilcebosilkovski) onJun 23, 2019 at 6:40am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kristijan (@kjulumovski) onJun 26, 2017 at 11:35am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Milena Bosilkovska (@milena.b.77) onJun 12, 2017 at 1:48pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nikola Shushevski (@nik.shushe) onJan 30, 2016 at 4:23am PST

 

Лето во Македонија: 300 скалила до прекрасниот Смоларски водопад и прошетка низ Струмица - градот на ѕвездите

Лето во Македонија: Прошетка низ „Памук Кале" и Прилеп - град пребогат со историја и вкусна храна

Лето во Македонија: Долно Дупени, место на најубавите зајдисонца

Лето во Македонија: Лазарополе - каде воздухот е најчист, а душата смирена

Лето во Македонија: Крушево, градот на емоциите

 

Објавено:
9 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
12.886 пати