Ако редовно ги следите социјалните мрежи, особено Инстаграм, тогаш сигурно сте виделе барем една фотографија од ова прекрасно место.

На брегот на Амалфи се наоѓа прекрасното гратче Позитано кое е неверојатна колоритна идила која мора да ја посетите барем еднаш во животот.

Ова место секоја година се наоѓа на сите можни листи на градови кои мора да ги посетите и да поминете барем неколку дена одмор.

Позитано е мало рибарско гратче со можеби најколоритните и најфотогенични локации на кои се направени некои од најдобрите фотографии на светот.

Прекрасните куќи со колоритни фасади се само една од атракциите на ова место, каде може да уживате и во прекрасната храна, плажите, кристално чистото море...

Доколку имате можност да го посетите ова шармантно гратче, никако не заборавајте да прошетате низ улиците во центарот на градот и да уживате во локалните мириси.

Ако сте од оние кои сакаат да посетуваат фестивали и да уживаат во ноќниот живот, тогаш јули и август се месеците во кои мора да бидете во Позитано.

Токму таму се случуваат некои од најгламурозните забави на јахтите на познатите, но и во клубовите кои ќе ве освојат со секојдневните журки.

Ако сè уште не сте го испланирале годишниот одмор, тогаш ова е одлична дестинација што треба да ја разгледате уште денеска.

Извор: Modamo.info

Фото: Modamo.info, Pinterest, tuulavintage.com, bytezza.com

Објавено:
26 јуни 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.709 пати